Рускиот претседател Владимир Путин испрати телеграма со честитка до кралот на Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска, Чарлс Трети, по повод стапувањето на тронот.
Ова беше објавено на Телеграм канал на прес-службата на Кремљ во саботата.
Во честитката на новиот крал, претседателот на Русија му посака успех, добро здравје и се најдобро.
Да потсетиме, Чарлс Трети и формално беше прогласен за нов британски крал на денешната церемонија пред Пристапниот совет во палатата Сент Џејмс во Лондон.