Полскиот премиер ја критикуваше Германија поради Русија

од Vladimir Zorba
202 прегледи

Полскиот премиер Моравјецки ја критикуваше Германија за нејзината неодлучност во украинскиот конфликт.

– Позицијата што ја зазедоа Германците, особено во првите месеци од конфликтот во Украина, беше многу разочарувачка – рече политичарот.

Покрај тоа, тој ја нападна енергетската политика на Германија.

– Германската енергетска политика со која Берлин отсекогаш се фалеше е во урнатина. Напуштањето на јагленот и нуклеарната енергија беше прерано, а изградбата на Северен тек и поврзаната зависност од Русија не доаѓаше во предвид. Германската политика и нанесе огромна штета на Европа – додаде полскиот премиер.

Моравјецки ги критикуваше и Германците за нивното постојано „восхитување на Русија“.

– Германците секогаш беа многу наклонети кон Москва и се поклонуваа пред неа – заклучи тој.

Слични содржини