Денеска се одбележува 21-година од терористичките напади на 11 септември во САД

од Берта Китинска
174 прегледи

Во САД денеска со едноминутно молчење, читање на имињата на жртвите и волонтерски акции ќе биде одбележана 21-годишнината од терористичките напади на 11 септември 2001 година.

Роднините на жртвите ќе се соберат на местата каде што се урнаа авионите киднапирани од терористи – Светскиот трговски центар во Њујорк, Пентагон и поле во Пенсилванија.

По повод годишнината ќе се организираат разни собири и миси во спомен на жртвите низ САД.

Некои Американци се приклучуваат на волонтерски акции за да им оддадат почит на жртвите.

Во терористичките напади на САД загинаа околу 3.000 луѓе. После тоа, САД започнаа „војна против тероризмот“ ширум светот, а националната безбедносна политика беше реконфигурирана.