Спасовски положи цвеќе на бистата на македонскиот бранител Бобан Трпков

од Берта Китинска
245 прегледи

Со длабока почит положив цвеќе на бистата на Бобан Трпков-македонски бранител кој трагично го загуби својот живот како припадник на МВР во 2001 година, а постхумно беше одликуван со медал за храброст, напиша на својот Фејсбук профил, министерот за внтрешни работи Оливер Спасовски.

-Во негова чест денеска се одржа и 21.Меморијален турнир во мал фудбал, на игралиштето каде што растеше херојот Трпков, а учество земаа припадници на МВР – Специјалната антитерористичка единица Тигар, Единицата за брзо распоредување, Интервентната полиција и СВР Скопје.Нека му е вечна слава на бранителот Трпков!, напиша Спасовски.