По шестчасовно патување: Ковчегот со телото на кралицата од замокот Балморал пристигна во Единбург

од Берта Китинска
262 прегледи

Ковчегот со телото на покојната кралица Елизабета Втора пристигна од шкотскиот замок Балморал во Единбург, по шестчасовно патување.

Погребната поворка полека ги помина 280-те километри од Балморал до Единбург за да можат граѓаните да и оддадат последна почит на кралицата.

Во среда ковчегот ќе биде поставен во Вестминстерската сала, а погребот ќе се одржи на 19 септември.

Кралицата Елизабета почина на 8 септември во Балморал.

Слични содржини