Украинскиот Генералштаб денеска на Фејсбук објави дека украинската армија во претходните 24 часа успеала да го протера непријателот од повеќе од 20 населени места.
Непријателот се фокусира на воспоставување контрола врз територијата на регионот Доњецк и попречување на нападите на украинските војници во одредени области, објави „Укринформ“.
„Непријателот продолжи да ги напаѓа украинските позиции од воздух и презема мерки за враќање на изгубеното“, соопшти украинскиот Генералштаб.