Испораките на природен гас од Русија за Европа по клучните рути утрово беа стабилни, додека гасоводот „Северен тек 1“ остана затворен, јавува „Ројтерс“.
Протоците на природен гас преку гасоводот Јамал-Европа до Полска од Германија беа стабилни.
Русија на 31 август го затвори „Северен тек 1“ за Германија, прво поради одржување, а потоа поради дефект и неможност да се поправи станицата во близина на Санкт Петербург поради санкциите.