Немаме добри односи со поединци од ВМРО-ДПМНЕ кои тераат лични интереси, тврди Арсовска

од Nikola Popovski
221 прегледи

Градоначалничката на град Скопје, Данела Арсовска денеска информира дека градската администрација има влошени односи со поединци во ВМРО-ДПМНЕ.

-Нашите односи со ВМРО-ДПМНЕ се одлични. Нашите односи со поединци од партијата, кои што сакаат да тераат лични интереси, може и да не се толку добри. Генералниот секретар е разрешен и до петокот, градоначалничката беше најдобриот јавен функционер. Откако е разрешен, секретарот поинаку кажува. Личните интереси треба да си надминат луѓето најпрво пред себе, потоа пред граѓаните. Ние сме тука за граѓаните да работиме, доколку има злоупотреби да ги откриеме и да не дозволиме ниту да се направат, ниту некој да ги повтори, рече Арсовска, која денеска упадна на прес-конференцијата на сега веќе разрешениот директор на ЈП „Водовод и канализација“ Златко Перински.

Според неа, ниту една партија не е важна.

-Нема ниту еден поединец кој е поважен од волјата на граѓаните и од програмата која ја имаат избрано на овие избори. Доколку одлучат дека не сакаат проектите за Скопјани да ги поддржуваат таму одговорноста е кај нив, не кај градоначалникот. Секој си одговара за сопствените постапки, изјави Арсовска.

Од Град Скопје утрово сооопштија дека ги разрешиле од функциите генералниот секретар на Град Скопје, Ѓоко Велковски и директорот на Јавното претпријатие „Водовод и канализација“, Златко Перински – двајцата кадри од оваа партија.

Слични содржини