Мицкоски со поддршка за Перински и Велковски: Верувам во нивниот чесен карактер и работење

од Nikola Popovski
170 прегледи

Поинаков речник имам бидејќи ја говорам вистината. Таа е дека и Ѓоко Велковски, кој ја напушти денеска позицијата секретар во Град Скопје и Златко Перински имаат моја недвосмислена поддршка бидејќи верувам во нивниот чесен карактер и нивното чесно работење и тие секако остануваат дел од плановите на ВМРО-ДПМНЕ, рече денеска лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, коментирајќи го нивното разрешување од страна на градот и градоначалничката Данела Арсовска.

Мицкоски појасни дека Перински постигнал високи финансиски резултати во работењето на „Водовод“.

-Во првиот квартал има зголемена добивка за 50 милиони денари и тоа се резултати навистина за почит. Јас би сакал да имам таков соработник, некој за жал не успева да ги искористи нивните капацитети. Што се однесува до набавката, тоа е од 2019 година, кога градоначалник бил некој друг, а не актуелниот. Тоа е проект на Светска банка, позади кој стои државата. Од тоа што знам, од страна на финансиерот, сите документи се доставени без приговор. Ако некој има таква моќ, да влијае врз Светска банка и врз Европската инвестициона банка, јас би му честитал, бидејќи е толку моќен. Апелирам до новиот директор да го заврши бидејќи е битен за скопјани, рече Мицкоски на прес-конференцијата со претседателот на Стопанската комора, Бранко Азески, одговарајќи на новинарско прашање.