Официјално: Одложен натпреварот помеѓу Арсенал и ПСВ во Лига Европа

од Nikola Popovski
173 прегледи

Европските натпревари на англиските клубови во моментов зависат од способноста на клубовите да обезбедат доволен број полицајци за обезбедување на натпреварите. Клубовите од Лондон се во најголем проблем, па натпреварот помеѓу Арсенал и ПСВ е одложен.

Арсенал во четвртокот требаше да го дочека ПСВ во второто коло од Лигата на Европа, но официјално тоа нема да се случи.

„Одлуката за одложување е донесена по преговорите меѓу УЕФА, полицијата и клубот и по смртта на кралицата Елизабета Втора.

Со надлежните се обидуваме да најдеме нов термин за натпреварот, а сите купени билети за среда ќе важат и за новиот термин.

Сите дополнителни информации за претстојните натпревари навремено ќе ги објавиме на веб-страницата на клубот“, ја потврди оваа вест од Арсенал.

Во четвртокот дуелот помеѓу Ренџерс и Наполи беше одложен за еден ден подоцна со одлука да нема гостински навивачи токму поради проблемот со намалениот број полицајци.

Се уште нема вести за дуелот кој треба да го одигра Челзи, додека Манчестер Сити минатата недела потврди дека ќе може да игра во предвидениот термин. Без промени ќе се одигра и натпреварот помеѓу Ливерпул и Ајакс.

 

Слични содржини