Том Круз е еден од најатрактивните холивудски актери, а неговиот изглед е тема на разговор во последните години.
Имено, многу се зборуваше за тоа дека направил естетски корекции, и дека почнал да претерува со ботокс инјекции во лицето за да ја „зачува младоста“.
Сепак, извор близок до актерот пред десетина години јавно проговори дека користи сосема различни третмани за да продолжи да изгледа младешки.
Наводно се работи за скап третман за мачкање на птичји измет по лицето.
„Том не прави ботокс или операција, но посветува многу внимание на сите нови природни третмани. Неодамна почна да експериментира со третманот со птичји измет, поточно славејот, кој му го препорачал еден холивудски пријател и резултатите се фантастично“, изјавил изворот за „HuffPost“.
„Том не мисли дека маската од птичји измет е чуден третман. Всушност, тој истакнува дека постојат многу полуди и понеобични моди и методи“, додаде изворот.
Освен Круз, на овој третман биле подложени и Дејвид и Викторија Бекам.
Козметичарката Шизука Бернштајн од Њујорк рече дека „изметот од славејот делува како пилинг кој ја отстранува нечистотијата и додава сјај“.