Тепачка меѓу шест лица на паркинг во Аеродром

од Nikola Popovski
281 прегледи

Група тепачка на паркинг во Ново Лисиче се случула во текот на вчерашниот ден, велат од МВР.

Според полицискиот билтен, на 11.09.2022 во 15:40 часот било пријавено дека во Скопје на подрачјето на Аеродром бил нарушен јавниот ред и мир со меѓусебна пресметка помеѓу А.Г.(41), С.Г.(72), Д.К.(34) и Н.С.(45), од една страна, и А.Ј.(35) и А.Ј.(31), од друга страна, сите од Скопје.

-По целосно документирање на случајот ќе следи соодвeтен поднесок, појаснуваат од полицијта.