„Без разлика на резултатот на референдумот, ВМРО-ДПМНЕ нема да поддржи промена на Уставот“

од Берта Китинска
154 прегледи

Доколку има некаква пречка за иницијативата за референдум, која ВМРО-ДПМНЕ ја поднесе во петокот во собранието, лидерот на партијата вели дека се подготвени да ја корегираат и таа го помине собранискиот филтер.

„Политичка гимнастика можат да прават бидејќи се исплашени од мобилизација на народот и консолидирање на антивладино расположение кое што постои. И сега тие може да наоѓаат изговори колку сакаат и до безсвест и на тој начин ја оддолжуваат работата. Нас ни е битна суштината, не формалноста. И ако е тоа пречка ќе ја корегираме таа пречка и ќе ја доставиме онака како што тие ценат дека треба да се достави само да имаме успешна процедура, демократски да дозволиме граѓаните да се произнесат за политиките на Владата поврзани со Договорот со Република Бугарија“,рече Мицкоски.

Во однос на излезноста на референдумот Мицкоски вели дека единствен начин да се види колкава би била е тој да се одржи.

„Единствен начин да видиме дали ќе има излезност е да се одржи тој референдум да не се бараат изговори, формални, туку да се поддржи оваа иницијатива и да излеземе и да видиме граѓаните дали ќе бидат за она што ние го бараме како одговор на прашањето или против. И од тоа нема поедноставен начин. Така што јас ги охрабрувам еве демократски во насока на европскиот дух, кој што од нивните усти додека крадат не престанува да излегува еве и сега тоа да го направат и второ да ги мобилизираат оние малкумина поддржувачи кои што се уште ги имаат да излезат и да се произнесат во согласност со нивните политики, да бидат против ова наше барање и на тој начин јас сум сигурен дека ќе успее референдумот“,вели Мицкоски.

Референдумот е нова измама на Мицкоски

Иницијативата на Христијан Мицкоски за референдум е нова негова измама кон граѓаните, која нема да успее, велат од СДСМ.

Мицкоски по четири години бара референдум за договор кој самиот тој јавно пред бугарски официјални претставници го поддржа.Референдумот на Мицкоски е против македонскиот јазик и македонскиот идентитет во ЕУ и е исклучиво за негова лична внатрепартиска употреба.Сето тоа граѓаните го знаат и затоа не го поддржуваат Мицкоски во овој негов најнов обид да си ја задржи фотелјата во Белиот дворец.И самиот Мицкоски зане дека оваа негова измама нема да успее, знае и самиот дека нема поддршка од никого, дека и функционери на неговата ВМРО-ДПМНЕ не го поддржуваат, посочуваат од СДСМ.