205
Украинскиот претседател Владимир Зеленски изјави дека украинските сили повторно зазеле 6.000 квадратни километри територија што од почетокот на месецот беше под руска контрола.
„Од почетокот на септември до денес, нашите борци ослободија повеќе од 6.000 квадратни километри од територијата на Украина на југ и на исток“, рече Зеленски во ноќното видео обраќање, пренесе „Ројтерс“.
Претседателот Зеленски додаде дека напредувањето на украинските сили продолжува.