Почина познатиот композитор Корнелије Ковач

од Stefanija Kuzmanovska
266 прегледи

Денеска во Белград почина познатиот композитор Корнелије Ковач на 81-годишна возраст.

Денеска почина познатиот композитор Корнелије Ковач, а веста за неговата смрт ја потврди неговата ќерка Кристина Ковач на својот Инстаграм профил.

Таа со емотивна порака се прости од својот татко.

Корнелије Ковач беше српски композитор, пијанист и аранжер. Роден е во Ниш во 1942 година, а Ковач ја составил својата прва композиција „Пусти тротоари“ веќе на четиринаесетгодишна возраст, во 1956 година. Откако беше во многу босански оркестри, тој се приклучи на најпопуларниот рок бенд во Сараево, Индекси. Тој беше со нив на двомесечна турнеја во Русија. Соработуваше со најпознатите музичари.