Нема ништо незаконито во вработувањата, Ејупи и сопругата на пратеникот Костовски имаа квалификации , вели Османи

од Берта Китинска
154 прегледи

Нема ништо незаконито во вработувањето. Министерството има недостиг на кадар кој ќе се посвети на тешката работа во дипломатија, рече министерот за надворешни работи Бујар Османи во Студио 10 на ТВ 24.

-Нововработените започнуваат со минимална плата и треба години за да напредуваат во кариерата. Тоа е тешка професија, тие се некој вид номади кои цел живот го поминуваат на различни места. Госпоѓата Костовска е преземена од Куманово и сега е на пониска позиција одошто била претходно, вели Османи.

Тој посочи дека Костовска е на постдипломски студии по меѓународна политика во Прага и во нејзиниот случај не станува збор за трговија со влијание. Министерот додава дека таа професија бара време за напредување и со оглед дека и критериумите се тешки нема голем интерес за вработување во МНР.

Османи вели дека во моментов има оглас за вработување на 16 нови луѓе.

Зa презентерката Бесмира Ејупи, министерот посочи дека е превземена од Министерството за политички систем и дека таа нае јазици и имала безбедносен сертификат од највисок ранг како член на службата на протокол во претходното министерство.

– МНР има потреба од 50 вработувања но сега Министерството за финансии одобри 16. Секој млад човек кој знае јазици и сака да се посвети да конкурира. Ејупи е преземена од Министерството за политички систем, како што по закон се преземаат и други службеници, вели Османи