Османи: Уставните измени не се ризик по државата туку е формализирање со Устав

од Берта Китинска
140 прегледи

Министерот за надоврешни работи Бујар Османи е на става дека опозицијата и направи услуга на власта во врска со референдумот и уставните измени отворајќи дебата и во двете земји.

-Уставните измени не се ризик по државата туку е формализирање со Устав дека постојат две различни нации – македонска и бугарско малцинство кое живее во Македонија. До пред некоја година се зборуваше дека сме ист народ во две држави. Уставните измени со внесување на бугарското малцинство е во прилог на уважување на малцинските права што е една од европските вредности. Прашањето со референдумот што го покренуваат е сосема друго прашање, вели министерот Османи.

Тој додава дека во разговори со пратеници од ВМРО-ДПМНЕ дознал дека и голем дел од нив немаат проблем со внесување на Бугарите во Уставот, но дека е потребно време тоа мислење да преовлада.