Во пониските фудбалски лиги ширум светот се случуваат многу необични и смешни сцени, но една ситуација од Хрватска го подигна концептот на „селски фудбал“, како што се нарекуваат натпреварите на клубовите од пониските класи, на повисоко ниво.
Една од најбизарните ситуации што некогаш биле видени на фудбалските терени се случила на натпреварот од помеѓу Плитвице и Соколац од Првата жупаниска лига.
На видеото снимено од трибината, може да се види како локален навивач истрелува граната во правец на теренот од импровизиран ракетен фрлач, кој наликува на зоља, телескопска цевка или ракетен фрлач за еднократна употреба, познат од војните во 90-тите.
Испуканиот проектил експлодирал во близина на играчите, меѓу неколку од нив и клупата, а споменатиот навивач добил овации.
Навивачите околу тој што ја испука ракетата го придружувале со воодушевување, по што почнаа да скандираат „Плитвице, Плитвице“.
За среќа, во овој инцидент нема повредени.
Croatian lower league and "grenade launcher" 😄
Plitvice – Sokolac. 11.09.2022 pic.twitter.com/FhIO1G7XYJ
— HooligansTV (@HooligansTV_eu) September 13, 2022