МВР ги фати насилниците кои го претепаа градоначалникот на Арачиново

од Nikola Popovski
161 прегледи

Министерството за внатрешни работи (МВР) вечерва информираше се приведени лицата кои го претепале градоначалникот на општина Арачиново, Ридван Ибрахими.

-Денеска (13.09.2022) полициски службеници од Единицата за насилен криминал при СВР Скопје ги приведоа Р.А., Р.А. и Б.А. по претходна пријава денеска претпладне од Р.И. дека бил физички нападнат од нив во неговата канцеларија во општина Арачиново. Известен е јавен обвинител и во координација со ОЈО Скопје по целосно документирање на настанот, против нив ќе биде поднесена кривична пријава за кривично дело Насилство по чл.386 од КЗ, велат од полицијата.

Ибраими после нападот се огласи на социјалните мрежи и напиша дека „без никакво предупредување и образложение, бил нападнат, прво вербално, а потоа и физички“.

-Причини за нападот се нереализирање на нивни лични и деловни барања. Демек со моите постапки како градоначалник им се уништиле сметките. Најпрво бараат именувањата на директорите на основните училишта да се вршат според нивните барања, без да исполнуваат никакви законски критериуми, но преку кои полесно ќе ги остварат своите цели и ќе бидат во нивна служба. Намерите на оваа група имаат лоша позадина, кои се на штета на жителите на општината, заканувајќи се и уценувајќи ги многубројните екипи кои ги извршуваат своите работни задачи, а кои се дел од разни проекти, напиша меѓу другото Ибраими.

Слични содржини