Енергетиката не е бутик, па ќе го полниме со алишта и ќе продаваме, вели Ковачевски

од Nikola Popovski
230 прегледи

Директорот на АД ЕСМ, Васко Ковачевски вели дека ќе поднесе одговорност доколку е потребно за лошата ситуација со енергетиката во земјава.

-Точно е дека минатата година беше најлошата година за Македонија во историјата од независноста. Јас не бегам од тоа. Јас имам оставено бланко оставка кај премиерот. Денес ако треба ќе понесам одговорност и да бидам разрешен од функцијата. Енергетиката не е бутик, па ќе го наполниме со алишта и ќе го продаваме утре. Рударството бара резултат после пет години. Дали да отвораме уште еден рудник или да го затовриме Осломеј. Дали да загадуваме со мазут или да останеме без струја. Дали да ги активираме топланите во Скопје или градот да остане без топлинска енергија. Јас разбирам позитивна критика, но да се критикува се и сешто, не можам да разберам, рече Ковачевски во емисијата „Топ тема“.

Слични содржини