ДКСК будно ја следи состојбата меѓу Град Скопје и Водовод околу тендерот за пречистителната станица

од Nikola Popovski
178 прегледи

Претседателката на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК), Билјана Ивановска информира дека институцијата будно ја следи состојбата меѓу Град Скопје и ЈП „Водовод и канализација“ околу тендерот за пречистителната станица.

-Ќе почекаме да заврши тендерската постапка. Треба да имаме оформено постапка. Колку што гледам банката која го финансира проектот, ќе преземе соодветни постапки. Будно ја следиме ситуацијата, доколку има работа за нас. Сега засега, се партиски игри. Ако има нешто екстра, ќе провериме. Можам само да кажам во Законот за јавни претпријатија, точно е предвидено во кои услови треба да се разреши директор на одредено претпријатие и мислам тие законски одредби треба да се почитуваат строго, додаде Ивановска во емисијата „24 анализа“.

Слични содржини