Ливерпул победи на „мускули“ и покрај милион шанси

од Nikola Popovski
225 прегледи

Ливерпул успеа да дојде до првата победа во Лигата на шампионите оваа сезона по многу разочарувачкото отворање и убедливиот пораз од Наполи. Против Ајакс беше 2:1 (1:1) за Англичаните.

„Црвените“ поведоа во 17. минута кога одличното додавање на Диого Јота во гол го претвори Мохамед Салах. Сепак, само десет минути по голот на Египќанецот, Холанѓаните израмнија преку Мохамед Кудус, играчот за врска од Гана.

Избраниците на Јирген Клоп беа далеку поопасни и поконкретни и имаа милион шанси, но како и против Њукалс во Премиер лигата, мораа да почекаат до судиското продолжение и 89. минута за да постигнат гол. По корнерот на Цимикас, Камерунецот Жоел Матип скокна највисоко и погоди за важни три бода.

Во следното коло Ливерпул на 4-ти октомври гостува кај Ренџерс, а Ајакс во Амстердам со Наполи.

Слични содржини