Зеленски: Ослободени 8.000 квадратни километри, стабилизирани половина од нив

од Stefanija Kuzmanovska
213 прегледи

Претседателот на Украина, Владимир Зеленски, објави дека овој месец украинските сили досега ослободиле околу 8.000 квадратни километри окупирана територија во североисточниот регион Харков, пренесува „Ројтерс“.

„Мерките за стабилизација се завршени на приближно половина од таа територија, а на ослободеното подрачје со приближно иста големина, мерките за стабилизација сè уште се во тек“, рече Зеленски во синоќешното обраќање, пренесува британската агенција, истакнувајќи дека во моментот не може самостојно да ги потврди овие информации.

Белата куќа, која обезбеди милијарди долари во оружје и друга поддршка за Украина, рече дека САД најверојатно ќе објават нов пакет воена помош во „наредните денови“.

Украина контролира повеќе од 4.000 квадратни километри

Украина сега има целосна контрола на повеќе од 4.000 квадратни километри што ги поврати од руските сили, а се стабилизира и воспоставува контрола над уште 4.000, изјави украинскиот претседател Зеленски.

Тој во понеделникот објави дека украинските сили повторно зазеле 6.000 квадратни километри од Русија во неодамнешната офанзива, објави „Ројтерс“.

Слични содржини