Бројот на евакуирани поради шумскиот пожар кој беснее во југозападниот дел на Франција надмина илјада, бидејќи властите денеска евакуираа уште 500 лица.
Илјада пожарникари со помош на 11 авиони од понеделникот го гаснат пожарот во винарскиот регион Медок, пренесува „Ројтерс“.
Во пожарот уништени се повеќе од 3.600 хектари земја, уништени се четири куќи и неколку згради.