Високиот индекс на отвореност ја рангира Владата како најтранспарентна во регионот

од Nikola Popovski
128 прегледи

Портпаролите на Владата на Република Северна Македонија,  Муамет Хоџа и Душко Арсовски на денешната прес-конференција информираа за донесените одлуки и заклучоци од 82 – та седница на Владата и одговараа на прашања од интерес на јавноста и медиумите.

На прашањето како Владата  ја коментира анализата за нејзината транспарентност објавена вчера, портпаролите истакнаа дека тоа што регионалниот индекс на отвореност дава оценка за  најотворена влада во регионот со над 82% исполнетост на поставените критериуми за отвореност, е дополнителен мотив и обврска да се продолжи на тој пат.

Како што беше наведено, ова е втора потврда, за неполн месец, по годишно рангирање на институциите според Индексот на активна транспарентност на „Центарот за граѓански комуникации“ во кои Владата доби максимални 100% транспарентност.

Според овие показатели Северна Македонија е првата земја во нашиот регион која одлучи политиката на отвореност да ја направи преку посебна стратегија која има цел да ја подобри транспарентноста и довербата во работата на институциите.