Се уште не е утврдена цената за мегават час по која Бугарија ќе не снабдува со струја

од Nikola Popovski
154 прегледи

На новинарското прашање околу барањата на бизнис секторот за справување со енергетската криза и субвенционирање на дел од струјата на бизнис компаниите, портпаролите на Владата денеска на прес-конференцијата посочија дека со ребалансот на буџетот за 2022 година, обезбедени се 76 милиони евра за нови антикризни мерки и дека се финализира  дизајнирањето на нов пакет антикризни мерки првенствено наменет за ранливите категории граѓани.

Како што појаснија, дел од мерките ќе бидат насочени кон стопанството и дека се очекува на наредните седници да се расправа и за ова.

Околу медиумскиот интерес во однос на цената на електричната енергија од Република Бугарија од 420 евра за мегават, беше информирано дека цената за мегават час сѐ уште не е утврдена и дека работните групи на двете влади интензивно работат на нејзино дефинирање. Конечната цел и на неодамнешната посета на владината делегација на Република Бугарија, како што посочија, беше да се добие цена  на електричната енергија под берзанската.