Прекинат преносот во живо – гардист на кралицата се сруши покрај ковчегот (ВИДЕО)

од Stefanija Kuzmanovska
320 прегледи

Би-Би-Си го прекина преносот во живо од оддавањето почит на кралицата Елизабета Втора во Вестминстерската палата, откако еден од гардистите на кралицата се сруши на подот.

Врз основа на снимките за време на преносот во живо, може да се види дека инцидентот се случил околу 1 часот по полноќ вечерва, јавува „Индипендент“.

Отпрвин само се тетерави и успева да остане на нозе, но потоа изгубил свест и паднал.

На помош му дошле и други стражари.

Надлежните се уште не соопштуваат во каква здравствена состојба е гардистот, но медиумите јавуваат дека тој бил однесен со брза помош.

Слични содржини