Силен аплауз во Европскиот парламент за организаторите на Европрајд (ВИДЕО)

од Stefanija Kuzmanovska
208 прегледи

Пратеничката во Европскиот парламент од редовите на Зелените, Тери Рајнтке, во вчерашното обраќање пред европарламентарците изрази силна поддршка за Европрајдот во Белград, што наиде на силен аплауз, односно овации од присутните.

Таа рече дека Европрајд оваа сабота во Белград е демонстрација за слобода, демократија, основни права, различности и дека е паневропска демонстрација.

Рајнтке додаде дека властите во Белград го откажале Европрајд, но истакна дека ЕП е во близок контакт со Владата на Србија и организаторите на Прајд.

„Ние ја поддржуваме Еуропрајд“, напиша Рајнтке вчера на Твитер.

Слични содржини