Сите ѕвезди на едно место: Овој филм доби рекорден деветминутен аплауз во Кан

од Stefanija Kuzmanovska

Новиот филм на американскиот режисер Мартин Скорсезе за убиствата во индискиот резерват во американската сојузна држава Оклахома во 20-тите години на минатиот век наиде на овации на филмскиот фестивал во Кан, што е најголем аплауз на фестивалот досега.

Громогласниот аплауз на публиката траеше девет минути, а продолжи и по палењето на светлата, објави американскиот магазин Variety.

Филмот „Killers of the Flower Moon“ трае три часа и 26 минути, а главните улоги ги толкуваат Леонардо ди Каприо и Лили Гладстон.

„Ова беше толку трогателно искуство, мислам дека никогаш не сум доживеал нешто слично“, рече Скорсезе по проекцијата.

Новиот филм истражува серија убиства на богати Индијанци од племето Осаж кои се случиле во истоимената област. Се занимава и со почетоците на Федералното биро за истраги (ФБИ) во Соединетите Американски Држави.

Слични содржини