Бектеши: Нема измени во цените на регулиран пазар до крајот на годината

од Nikola Popovski
286 прегледи

Министерот за економија, Крешник Бектеши денеска информираше дека измени во цените на регулиран пазар нема да има до 31-ви декември.

-На регулиран пазар, тарифникот е објавен од страна на РКЕ. Не сум слушнал дека цена од 350 евра за микрокомпании. Да бидеме сериозни кога поставуваме прашања. Во делот на сметките на електричка енергија, не се прави споредба колку е сумата, туку колку е потрошувачката и на таков начин, Владата им излегува во пресрет. Заради тоа што одреден месец или недела, можеш да потрошиш повеќе или помалку струја и тоа се мери во киловати, теравати итн на нивото на државата. Заота ние преговараме за количини на електричка енергија и цената која ќе биде регулирана, нема да биде пазарна цена која се одредува на светските берзи, рече Бектеши.

Тој потенцира дека со новата одлука на РКЕ согласно податоците што ќе ги дадат ЕСМ, МЕПСО и ЕВН дистрибуција за првите шест месеци од наредната година, тогаш РКЕ ќе излезе и ќе ги каже новите цени за регулираниот пазар, а тие ќе даваат инпут преку ЕСМ со намалување на цената на производство, со намалување на одредени барања на МЕПСО.

Слични содржини