Четири лица го загубија животот од корона, потврдени 97 новозаразени

од Nikola Popovski
191 прегледи

Според последниот ковид-биланс последните 24 часа, од направени 824 тестови, а регистрирани се 97 нови случаи на Ковид-19 во земјава, информира Министерството за здравство.

Билансот на заразени покажа во Скопје – 52, Битола, Прилеп и Кавадарци – по 6, Куманово и Штип – по 5, Велес – 4, Охрид и Крива Паланка – по 2, Тетово, Струмица, Неготино, Радовиш, Дебар, Валандово, Кратово, Крушево и Македонски Брод – по 1 заразен.

Од вкупниот број на позитивни, регистрирани се 29 реинфекции. Регистриран e и 61 оздравен пациент.

Во текот на изминатите 24 часа, нема пријавени починати лица. Согласно, Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, се регистрирани 4 починати лица од Скопје, Охрид, Струга и Гевгелија, на возраст од 80 – 83 години. Две лица се починати во болнични услови и две во домашни услови. Починатите се регистрирани во период од 16.08.2022 до 09.09.2022.

Досега во земјата се направени вкупно 2.160.942 тестирања на КОВИД-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 341.986, бројот на оздравени пациенти е 331.740, на починати е 9.520, а бројот на активни случаи изнесува 726.

Слични содржини