179
Натпреварите на фудбалскиот клуб Вардар во иднина ќе се пренесуваат на телевизијата „Спорт клуб“.
-Фудбалскиот клуб Вардар објавува дека е постигнат договор со регионалната спортска телевизија Спортклуб која во иднина ќе ги пренесува домашните натпревари на нашиот клуб. Оваа соработка претставува одлична можност најтрофејниот Македонски фудбалски клуб повторно да биде достапен за сите навивачи, приврзаници и љубители на фудбалот и Вардар во државата, регионот и пошироко, соопштија денеска од клубот.
Вардар во моментов се натпреварува во Втората македонска лига – Запад и е на делба на второто место со 10 бодови.
Натпреварите од Првата македонска фудбалска лига се емитуваат на каналот „Арена спорт“.