Министерот за надворешни работи, Бујар Османи појасни дека улогата на Мешовитата историска комисија меѓу Македонија и Бугарија не е да се пишува историјата одново или да се ревидира, туку да се најдат заеднички точки за историски настани и личности кои ќе бидат мост за подобро разбирање и зближување помеѓу народите.
Тој истакна дека во Бугарија има универзитети со исти имиња и градови, а слика од Гоце Делчев има во самата канцеларија на претседателот Румен Радев.
-Кога бевме во канцеларијата на претстедателот Радев на највисокото место во неговата канцеларија е сликата на Гоце Делчев, што значи дека нивното верување дека имаат врска со Гоце Делчев е реалност. Ние може да игнорираме дека не постојат проблеми во историските имнтерпретации, но одете во Бугарија и ќе видите дека тие таму имаат универзитети, градови со исти имиња, што значи дека проблемот со инмтерпретацијата е реален ајде да видиме како тоа да го ставиме во функција на подобрамеѓусебна соработка, отколку конфликти, и тоа е улогата на комисијата за историски прашања, изјави Османи во гостувањето на Дневникот на Тв Сител.