Натпреварувањето во Лига Европа продолжи со натпреварите од 2-то коло.
Најмногу внимание привлече победата на Митјиланд кој на домашен терен го понижи Лацио со 5:1.
Сергеј Милинковиќ Савиќ го постигна единствениот гол за Римјаните, кои имаа два гола негатива по првите 45 минути, а потоа примија уште еден пред популарниот СМС да ја претвори во гол асистенцијата на Чиро Имобиле.
Со оглед на тоа што дуелот меѓу Феенорд и Штурм заврши со убедлива победа на Холанѓаните од 6:0, по првите две кола сите четири екипи имаат ист број бодови, по три, па очекуваме неизвесно продолжение на натпреварувањето.
Во останатите натпревари Рома во групата Ц беше убедлива против Хелсинки, 3:0. Карабаг го изненади Нант со 3:0 на домашен терен во групата Г, додека Фрајбург беше подобар во Пиреја со истиот резултат против Олимпијакос.