САД го ставија чеченскиот лидер Кадиров на листата на санкции

од Stefanija Kuzmanovska
179 прегледи

Соединетите Американски Држави го ставија чеченскиот лидер Рамзан Кадиров на листата на санкции, соопшти вечерва американското министерство за финансии.

Покрај Кадиров, САД ја ставија на црна листа и неговата сопруга Медни Кадирова, како и децата Ајшат, Кадижат и Табарик, пренесе ТАСС.

Покрај тоа, на списокот се додадени и Фатима Кажујева и Аминат Ахмадова, бидејќи се „поврзани“ со Кадиров.

Слични содржини