Арсовска: Финансиска полиција и Обвинителството се во „Водовод“

од Берта Китинска
246 прегледи

Данела Арсовска, градоначалничката на Скопје, за емисијата „Студио 10“ рече дека од вчера во јавното претпријатие ЈП Водовод и канализација – Скопје се врши проверка на работата од страна на Управата за финансика полиција и Основноот јавно обвинителство за организиран криминал и корупција.

– По мој информации, од вчера е влезена финансиска полиција и ОЈО за организиран криминал. Си постапуваат по допрен глас, рече Арсовска на прашањето дали институциите го испитуваат случајот по оставката на директорот Златко Перински за наводно своеволие во тендерот за пречистителна станица за повеќе од 100 милиони евра.

Таа додаде дека нема да се предомисли и дека од денеска на голем број вработени во ЈП Водовод и канализација ќе им заврши договорот за работа. Таа додаде дека тие стотина луѓе биле вработени за само неколку месеци.

Слични содржини