Османи: Левица е партија во функција на руската пропаганда

од Берта Китинска
217 прегледи

За Левица имам свој став дека тие не се македонска партија туку дека се партија во функција на руската пропаганда за да го свртат македонскиот народ против Европската Унија и САД, вели министерот за надворешни работи Бујар Османи во ворска со на најавите од Левица дека ќе поднесе нова иницијатива за распишување референдум.

„ Мислам дека на државата нема да можат да направат многу штета заради тоа што во државата има поширок консензус за тоа, но за народот кој што го претставуваат може да направат многу штета обидувајќи се да ги свртат пред вредностите што ние ги споделуваме, рече министерот Османи. Според него легитимно е партиите да го користат незадоволството и фрустрациите на граѓаните за политички цели, но смета дека тоа мора да има граници, да не се прави на сметка на иднината на државата и на иднината на граѓаните, вели Османи.

Тој во однос на иницијативата за референдум, смета дека референдум за договорот со Бугарија ниту може, ниту смее да се случи. Тој подвлекува и дека според него не смеат да се случуваат еднонационални референдуми.