Огромен пожар зафатил облакодер во Кина, а според локалните медиуми нема жртви.
Станува збор за облакодер на компанијата Кинески телеком, кој е висок 218 метри и се наоѓа во градот Чангши на југот на Кина.
Major fire in #skyscraper in China's #Changshacity State media pic.twitter.com/AIfVKNPu0h
— Vinay Tiwari (@vinaytiwari9697) September 16, 2022
Огнот зафатил неколку десетици ката, а од облакодерот се проширил густ црн чад. На терен се испратени 36 противпожарни возила и 280 пожарникари, а првичните информации говорат дека пожарот го зафатил надворешниот ѕид на зградата.
A skyscraper completely ravaged in the city of Changsha, the capital of Hunan, a province in south-central China #China #chinafire #largestbuilding#rescue #China pic.twitter.com/dhkKutxnvR
— Aditya Srivastav (@rjadi28) September 16, 2022
Кинеските медиуми јавуваат дека пожарот во меѓувреме е изгаснат.
Облакодерот Кинески телеком е изграден во 2000 година кога стана првата зграда во градот која надмина 200 метри височина.