За првпат од постоењето на британскиот „Вог“, на насловната страница се најде маж (ФОТО)

од Stefanija Kuzmanovska
255 прегледи

Британското издание на магазинот „Вог“ постои 106 години, а сега за првпат на насловната страница се најде маж, а тоа е актерот Тимоти Шаламет.

Тимоти има 26 години и моментално е еден од најбараните актери.

„За првпат во 106-те години од постоењето на британскиот Вог, на насловната страница се најде маж“, стои на страницата на магазинот на Твитер.

Во списанието беа објавени и многу други фотографии од Тимоти, а причината поради која тој е избран да ја краси насловната страница е токму неговото експериментирање кога е модата во прашање.

Слични содржини