СДСМ: Нека не се крие Мицкоски позади лаги, немало средби на Ковачевски и Зечевиќ со Арсовска

од Stefanija Kuzmanovska
170 прегледи

Секогаш кога се фатени со „рачињата во медот“ Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ преку нивните дежурни курири пласираат невистини и лажни вести во надеж дека ќе го покријат скандалот, се наведува во демантот на СДСМ.

„Проблемот овој пат им е поголем, затоа што самите се фатија, се скараа за пари и тендер вреден 136 милиони евра а институциите веќе го истражуваат случајот. Нека не се крие шпицниот градоначалник Мицкоски позади лаги. Немало средби на Ковачевски и Зечевиќ со нивната кандидатка а потоа и избрана градоначалничка Данела Арсовска. Ниту во четврток, ниту некогаш имало средба на Зечевиќ и Ковачевски со Арсовска. Паника на бродот Баунти“, стои во соопштението на СДСМ.

Од владејачката партија велат дека фатени со рачињата во медот, прилично е очајно ова однесување на ВМРО ДПМНЕ и Мицкоски.

„Ниту може шпицниот кандидат Мицкоски да се сокрие ниту пак да ја префрли топката онаму каде што не и е место. Шпицниот градоначалник Мицкоски наместо да се крие од јавноста да излезе и да каже која е неговата поврзаност со тендерот тежок 136 милиони евра? Дали од лични и бизнис интереси на Мицкоски и него луѓе истата судбина ја доживеа и најавата за набавката за нови еколошка автобуси во Скопје?“, прашуваат оттаму.

Слични содржини