„Пренесете им ја на граѓаните мојата порака“: Што крие тајното писмо на кралицата кое се чува во Австралија?

од Stefanija Kuzmanovska
245 прегледи

Сè што е поврзано со Елизабета Втора е интересно и полно со различни теории, па луѓето ги интересира што појадувала, каков однос имала со своите деца, но и како го носела товарот на владеењето и круната дури 70 години, што ја прави најдолгиот владетел во историјата.

Во далечната 1986 година, кралицата ја посетила Австралија и по тој повод оставила писмо до граѓаните на Сиднеј, кое треба да биде отворено точно во одредена година, пишува „Глоси“.

„Поздрав. На еден поволен ден по ваш избор во 2085 година, отворете го овој плик и пренесете им ја на граѓаните на Сиднеј мојата порака“, гласи упатството на писмото кое се чува во трезор во Австралија и ќе биде отворено дури за 63 години.

Британската монархија останува на чело на државата во Австралија, а кралот Чарлс во земјата е претставен од Дејв Харли, генерален гувернер на земјата.

Елизабета Втора ја посетила Австралија дури 16 пати, а нејзината прва посета била во 1954 година, само две години откако станала кралица, а таа била првиот монарх што стапнал на австралиска почва.

Слични содржини