Демант од ГОБ „8 Септември“ за „поплава во просториите за интензивна нега“ на Одделот за неврологија

од Берта Китинска
158 прегледи

Најодговорно ги демантираме гласините за „поплава во просториите за интензивна нега” на Одделот за неврологија, стои во дематот на  ЈЗУ ГОБ „8-ми Септември” – Скопје во веска со  објавениот статус на Д-р Петар Атанасовски кој информираше дека докторите ваделе пациенти од поплавениот интензивен оддел на неврологија.

-Всушност, се работи за саниран мал технички дефект на водоводната цевка.Одделот за неврологија функционира непречено, со давање соодветна здравствена заштита на пациентите.Сигурноста на персоналот и пациентите е наше мото и сите сме целосно посветени на тоа.ЈЗУ ГОБ „8-ми Септември” – Скопје е посветен и пружа здравствена заштита на нашите пациенти на највисоко ниво, велат од болницата.

Според Атанасовски , сите пациенти биле извлечени од поплавениот оддел.

„Мислев да одморам малку ама не се може. И тоа се случи, се поплави интензивнот оддел на неврологија при ГОБ „8 Септември“ и за среќа поради големата пожртвуваност на дежурниот невролог и останатиот медицински персонал кои заборавија на ризикот по сопствениот живот ( можност oд струен удар, повреда од паѓање на плафонот) сите пациенти беа извлечени и преместени на сигурно без да им се загрози нивното здравје и живот. Уште еднаш апелирам до групата што се сликаше за празникот пред нашата болница да преземат мерки и конечно да се затвори одделот да се реновира, исчисти и дезинфицира (врие од интрахоспитални инфекции).ГОЛЕМО БРАВО УШТЕ ЕДНАШ ЗА МОИТЕ НОВИ ХЕРОИ ДЕЖУРНАТА ЕКИПА ОД ВЧЕРА НА ОДДЕЛОТ ЗА НЕВРОЛОГИЈА ПРИ ГОБ 8 МИ СЕПТЕМВРИ“, напиша Атанасовски.

Слични содржини