Министерот за економија Крешник Бектеши бара помош и од верските заедници за поттикнување на граѓаните да штедат струја за да се обезбедат вишоци кои ќе им се дадат на компаниите.
„Голема поддршка ќе биде секоја порака што ќе излезе од страна на ИВЗ и тоа ќе се сподели преку џамиите, до сите верници. Убеден сум дека ваков пример, каков што денеска дава ИВЗ, ќе даде и МПЦ“, рече Бектеши.
Шаќир Фетаху, претседател на БФИ рече дека ќе се апелира до џамијата да заштеди што повеќе електрична енергија.
„ИВЗ нема многу проблем со рационално трошење енергија затоа што секогаш сме користеле струја во нашите објекти на многу рационален начин бидејќи сите наши објекти се финансирани од самите верници и ИВЗ со своите муфтии и поглаварите на џамиите се многу внимателни во потрошувачката на струја“, изјави Фетаху.