Палатата се огласи поради тврдењата дека принцот Хари бил информиран за смртта на кралицата само пет минути пред веста да биде објавена во јавноста.
„Јавноста беше информирана дури откако секој член од семејството беше информиран“, изјавија за медиумите од кралското семејство.
Како што пишуваат странските медиуми, иако е точно дека на Хари му кажале за смртта на неговата баба непосредно пред објавувањето на веста, причината за тоа била што тој бил на лет за Шкотска и затоа не можело да се стапи во контакт со него.
Веста дека Хари дознал за смртта во последен момент набрзо била отстранета, а потоа повторно објавена и дополнета со тврдењето дека Хари не бил третиран поинаку од остатокот од семејството.