Зад антибугарската хистерија во Република Македонија – протестите и предлогот за референдум за укинување на Договорот за пријателство со Бугарија – стои Русија која долго време работи на дестабилизација на регионот, смета поранешниот премиер и поранешен специјален претставник на Владата за преговорите со Бугарија, Владо Бучковски.
Тој во изјава за „БГНЕС“ вели дека нема враќање назад во бугарско-македонските односи и дека со помош од Софија ќе го спроведеме францускиот предлог и ќе станеме членка на Европската унија.
Бучковски истакнал дека Москва нема интерес за стабилност на Западен Балкан.
„Не е тајна дека Русија долго време работи на дестабилизација на земјите од Западен Балкан“, потенцира поранешниот македонски премиер.
„Зад протестите и зад желбата за одржување референдум стои руското влијание. Порано или подоцна тоа ќе стане многу појасно“, додал Бучковски, додавајќи дека „не е само партијата Левица е дел од ова сценарио“.
Тој го изрази своето задоволство што Бугарија и РСМ ги одржуваат добрите односи.
„Пријатно сум изненаден што и на официјално ниво во времето кога премиери беа и Кирил Петков и Бојко Борисов, како и неколкуте преодни влади, одржувавме добри односи“, рече Бучковски, прецизирајќи дека тоа било многу корисно особено по агресијата на Русија против Украина.
На прашањето дали по прифаќањето на францускиот предлог влегуваме во нова фаза на билатерални односи, Бучковски истакнал: „Отсекогаш сум бил оптимист за бугарско-македонските односи. Нема враќање назад, ќе одиме само напред. Имаше проблеми, останавме заглавени на едно место, но никогаш не се вративме. Ќе продолжиме напред“.