СДСМ: Мицкоски шест дена се крие, за колку тегли мед пропаѓаат проектите во Скопје?

од Nikola Popovski
122 прегледи

Поминаа шест дена шпицниот градоначалник Мицкоски се крие од јавноста, одбегнува да одговори за неговата улога во спорниот тендер вреден 136 милиони евра, обедгнува да одговори за колку тегли мед пропаѓаат проектите во Скопје, повторно прашаа денеска од СДСМ.

Според владеачката партија, Мицкоски самиот се промовираше како шпицен градоначалник.

-На партиски настан лично Мицкоски најавуваше и набавка на нови 100 автобуси за главниот град. Поминаа месеци, изби корупциски скандал тежок 136 милиони евра, кавги и превирања внатре во ВМРО-ДПМНЕ, соопштија од СДСМ и порачаа Мицкоски да не се крие туку да излезе пред граѓаните и да одговори: „Колку тегли мед се причината што пропадна бизнисот за 100 електрични автобуси во Скопје?“, стои во партиското соопштение на СДСМ.