Нов скандал на Килијан Мбапе, на удар е репрезентацијата поради Светското првенство

од Nikola Popovski
400 прегледи

Фудбалерот на Пари Сен Жермен, Килијан Мбапе во последните неколку месеци повеќе привлекува внимание со своето бизарно однесување и инциденти отколку со игрите на теренот, а овој пат на удар е француската репрезентација.

Мбапе требаше да учествува на фотосесијата по повод Светското првенство во Катар закажана за вторник, но одби.

Наводно, проблемот настанал затоа што Француската фудбалска федерација одбила да го измени договорот за користење на правата на фотографиите на играчот што Мбапе ги окарактеризира како неправедни.

Така, официјалната фотографија на бранителот на титулата светски првак ќе помине без првата ѕвезда на „галските петли“, а тимот на Мбапе најави дека „изразува жалење за ваквиот развој на ситуацијата“.

Од друга страна, многу фудбалски фанови го окарактеризираа Мбапе како арогантен.

Слични содржини