Бектеши ќе замине во Турција со цел да обезбеди енергенси и електрична енергија

од Nikola Popovski
207 прегледи

Министерот за економија, Крешник Бектеши вечерва обелодени дека утре ќе има телефонски разговор со турскиот министер за енергетика, а во четврток ќе замине за Турција заедно со тимот кои се справува со енергетската криза во нашата држава.

-Тоа ќе биде се со цел да обезбедиме одредени количини на енергенси и електрична енергија. Прво ние ги имаме нашите домашни капацитети. За да работат во целосен капацитет, ни требаат суровини. Суровините за жал се тие што се. За да работат сите со три блока РЕК Битола, РЕК Осломеј и два котли во ТЕЦ Неготино, треба да ги имаш одредените количини. Со Република Албанија имаме договорено целосен увоз на јаглен, со Србија имаме конкретен договор, истото важи и за Грција со јаглен и над 200.000 килограм обезбеден мазут за работа на ТЕЦ Неготино и во тек се преговорите со Бугарија за купување на електрична енергија за потребите на индустријата, за тие што се на отворен пазар, информира Бектеши во емисијата „24 анализа“.

 

Слични содржини