Ако се исполни планот на производство на ЕСМ, рестрикции нема да има, порача Бектеши

од Nikola Popovski
165 прегледи

Ако се исполни планот на производство на ЕСМ, што најверојатно ќе се исполни, веќе се направени сите договори и сите подготовки, јас сум убеден дека не би требало да има рестрикции. Само ќе го дадам одговорот од минатата година, кога сите истакнуваа дека нема да има парно, нема да има електрична енергија – ништо не се случи и моментално Северна Македонија за доброто на сите продава вишоци, наместо да направи дополнителни трошоци. Србија дневно купува по три милиони евра електрична енергија, Албанија купува над 2,5 милиони евра, со Косово ја знаете ситуацијата, истото се случува во Грција, рече вечерва министерот за економија, Крешник Бектеши.

Бектеши појасни дека ние ноќните вишоци ги продаваме и не увозуваме ниту еден киловат електрична енергија за потребите на регулиран пазар.

-Тоа значи дека количините се обезбедуваат директно од ЕСМ за потребите на домаќинствата и претпријатијата. Истото ќе се случува и наредната година, додаде Бектеши во емисијата „24 анализа“.

Слични содржини