Во Уганда прогласена епидемија на ебола

од Stefanija Kuzmanovska
218 прегледи

Во Уганда е прогласена епидемија на вирусот ебола, соопштија денеска министерството за здравство на земјата и Светската здравствена организација (СЗО).

Министерството на Твитер објави дека е потврден случај на ебола во централниот кварт Мубенде, а станува збор за 24-годишен маж кој покажал симптоми и подоцна починал, пренесува „Ројтерс“.

Канцеларијата на СЗО за Африка соопшти дека станува збор за релативно редок судански вид, откако здравствените власти во Уганда започнаа истрага за уште шест сомнителни смртни случаи во областа овој месец.

„Во моментов има осум сомнителни случаи кои се лекуваат во здравствена установа“, соопшти СЗО Африка, додавајќи дека им помага на здравствените власти во Уганда во нивната истрага и распоредување на медицински персонал во погодената област, наведува британската агенција.

Слични содржини